12 мај – Богатството не е неопходно

„А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа!“ (1. Тимотеј 6,8)

Мнозина, во својата цврста решеност и опсесија да стекнат богатство, ги игнорираат вечните интереси. Заслепени од сатаната, тие самите себе се уверуваат дека стекнувањето богатство го остваруваат со најдобри намери. Тие вршат насилство над својата совест, се прелажуваат самите себе и не престануваат да се лакомат да стекнат големо богатство. Таквите се отстрануваат од верата и самите на себе си задаваат големи грижи и маки. Тие ги жртвуваат своите благородни и возвишени начела, се одрекуваат од својата вера поради богатството, и ако не се разочараат во своите намери, ќе се разочараат во поглед на среќата што очекувале дека богатството ќе им ја донесе…

Укажувајќи на единствената исправна употреба на богатството, апостол Павле му наложува на Тимотеј да ги упатува богатите да прават добро, да се богатат во добри дела, да бидат дарежливи и друштвени, поставувајќи со тоа добар темел за иднината… Побожноста е навистина голема придобивка кога сме задоволни со она што го имаме. Овде се наоѓа вистинската тајна на среќата, и вистинскиот напредок и на душата и на телото. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 542. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest