26 август – Богатството на богатите ќе биде изгубено

„Тогаш ќе и речам на својата душа – душо, имаш многу блага, натрупани за многу години; почивај, јади, пиј и уживај!’ Но Бог му рече: ‘Безумниче, ноќеска ќе ти се побара твојата душа! Чие ќе биде тоа, што си го приготвил?“ (Лука 12,19.20)

Должината и среќата на животот не се состои во големината на нашиот земен имот. Овој безумен богаташ во својата крајна себичност натрупал за себе толкаво богатство кое воопшто не можел да го искористи. Тој живеел само за себе; лишен во потполност од Божјата љубов, без никаков оглед и милост кон другите извлекувал корист само за себе. Немилосрдно им ускратувал на сирачињата и вдовиците и ги мамел своите ближни само за да ги зголеми залихите на земното богатство. Можел да го вложува своето богатство во нераспадливите трезори на небесната ризница, но поради своето незаситно лакомство, тој ги загубил двата света. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 402. оригинал)

Човекот кој целосно е вдлабочен во своите пари, оној кој наоѓа задоволства зад масата за коцкање, секој кој ужива во попуштањето на изопачениот апетит, љубителите на забави, кои фреквентно одат на театри и игранки сите тие не мислат на вечноста. Нивна главна животна грижа е: Што ќе јадеме? Што ќе пиеме? Во што ќе се облечеме? Тие не се наоѓаат во поворката која се движи во правец на небото. Нив ги предводи големиот отпадник и тие заедно со него ќе бидат уништени. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 406.407. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest