8 јули – Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него

„Зашто, каква благодарност можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост со која се радувавме поради вас пред својот Бог? Ноќе и дење се молиме најусрдно да го видиме вашето лице и да го дополниме тоа, што и недостига на вашата вера.“ (1. Солунјаните 3,9.10)

Љубовта кон Исуса ќе ја покажеме со нашата желба да работиме како што работел Тој, на благослов и издигнување на човештвото. Таа ќе поттикнува кон љубов, кон нежност и сочувство спрема сите созданија за кои се грижи нашиот небесен Отец.

Животот на Спасителот на Земјата не бил исполнет со безделничење и уживање; Тој вложувал постојани, сериозни, неуморни напори да го спаси загубеното човештво… Така и оние што примиле Христова милост ќе бидат готови да принесат секаква жртва за да можат и другите, за кои Тој умрел, да го примат небесниот дар. Тие ќе сторат сѐ што можат, со својот престој на светот, истиот да го сторат што подобар. (Патот кон Христа, стр. 77. оригинал)

Ако Бога го нарекувате свој Татко, вие со тоа признавате дека сте Негови деца кои секогаш треба да ги води Неговата мудрост и кои мора да му бидат послушни во сѐ, знаејќи дека Неговата љубов е непроменлива. Во својот живот вие ќе се управувате според Божјиот план. Како Божји деца, поважни од сѐ друго ќе ви бидат Неговата чест, Неговиот карактер, Неговото семејство и Неговото дело. Ќе наоѓате радост во тоа да го признаете и почитувате вашето заедништво со својот Татко и со секој член на Неговото семејство. Ќе се радувате да направите нешто што придонесува за Неговата слава и за благосостојбата на вашите ближни, па колку и да е тоа скромно. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 105. оригинал)

12 јули - Да го возвишуваме Христа пред луѓето
11 јули - Потрага по изгубените
10 јули - Укажете им гостопримство на Христовите слуги
9 јули - Не служете како Израел кој паднал
8 јули - Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него
7 јули - Подготвени да потрошат и да бидат потрошени
6 jули - Весело служете секој ден
5 јули - Бог ќе излее доцен дожд
4 Јули - Добар Христов војник
3 Јули - Добри вести за Христовото доаѓање

Pin It on Pinterest