23 август – Подбивен смев и несоодветни шеги

„Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните. Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета.“ (Проповедник 7,5.6)

Шегите и празните разговори му припаѓаат на овој свет. Христијаните кои имаат Божји мир во своето срце, ќе бидат расположени и среќни и без попуштање на лесноумноста и несериозноста. Стражејќи будно во молитва, тие ќе поседуваат и мир кој ќе ги издигне над сè она што е површно. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 241. оригинал)

Лекомислената смеа, шегувањето и неумесните шеги ѝ создаваат одбивност на душата која се храни со Христа. Евтиниот и неразумен празен говор ѝ причинува болка. (Fundamentals on Christian Education, p. 457)

Лекомисленоста, потсмевањето и шегувањето ќе предизвикаат празнина во душата и губење на Божјата наклоност. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 236. оригинал)

Оној што одлучил да ја добие небесната награда и да си го осигури Небото, цврсто и решително ќе го отфрли секој обид да се шегува со светите и верските работи. (Порака до младите, стр. 267. оригинал)

Нека од вашите усни не излезе ниту една ниска, недолична досетка. (Здравје и среќа, стр. 491. оригинал)

Сите несериозни зборови, секоја лекомисленост и празнословие се искушенија на непријателот со кои сака да ве лиши од духовната сила. Зацврстете се против ова зло, во името на Израеловиот Бог… Подгответе ги своите светилници и одржувајте ги да горат, за каде и да одите, со своите зборови и постапки да откривате драгоцени зраци на светлина. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 133. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest