20 септември – Зашто Господ ќе го спаси Својот народ

„Зашто Господ зборува вака: ‘Воскликнувајте му од радост на Јакова, поздравете го бурно првенецот на народите! Нека се разнесува вашиот глас! Објавете, прославете и кажете: Господ го спаси Својот народ, Израелевиот Остаток!’“ (Еремија 31,7)

Во видение ми беа покажани две војски во страшна борба. Едната имаше знамиња на кои се наоѓаа обележјата на овој свет; а другата го носеше знамето попрскано со крвта на Кнезот Емануел. Знамиња паѓаа едно по едно и се влечеа по прашината, бидејќи група по група од Господовата страна преминуваат на страната на непријателот, додека племиња едно по друго се соединуваат со Божјиот народ кој ги држи Божјите заповеди…

Битката сè повеќе се заострува. Победата навалува де на едната де на другата страна. Војниците на крстот моментално се повлекуваат, „како знаменосец кога ќе изнемошти“ (Исаија 10,18). Но целта на нивното привидно повлекување е да заземат уште поповолна положба. Се слушаат радосни извикувања. Се ори песна на благодарност кон Бога и гласовите на ангелите се придружуваат на оваа песна бидејќи Христовите војници го веат Неговото знаме на ѕидините на тврдината која досега ја држел непријателот. Водачот на нашето спасение лично ја води битката и им праќа помош на Своите војници. Неговата моќ силно се покажува, храбрејќи ги Своите борци да ја сузбијат борбата до вратите. Тој ги учел чудесни работи во праведност додека ги водел чекор по чекор, победувајќи и да победат. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 41. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest