11 март – Убавините на Земјата

„Тогаш сите народи ќе ве сметаат за среќни, зашто ќе бидете земја на блаженството – говори Господ над Воинствата.“ (Малахија 3,12)

Додека вашите сетила уживаат во привлечната убавина на земјата, мислете за светот што ќе дојде, за светот што никогаш нема да знае за злокобната пламеница на гревот и смртта, во кој лицето на природата нема да биде веќе прекриено со сенка на проклетство. Обидете се да го замислите домот на спасените, но имајте на ум дека тој ќе биде многу пославен од сѐ што би можела да наслика дури и најразиграната мечта. Во разновидните Божји дарови во природата гледаме само најслаб одблесок на Неговата слава. Пишано е: „Што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние што го љубат“.

Поетот и природонаучникот би можеле многу да раскажуваат за природата, но христијанинот е оној кој со најголема почит ужива во убавините на нашата планета, бидејќи го препознава делото на рацете на својот Отец, ја гледа Неговата љубов во цутот, во грмушката и во дрвото. Никој не може наполно да го цени значењето на брегот и долината, на реката и езерото, ако не ги гледа како израз на Божјата љубов кон човекот. (Патот кон Христа, стр. 86. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest