8 мај – Предајте се на Божјото водство

„Го изведе Својот народ со воскликнување и со веселба Своите избрани… за да ги чуваат Неговите повелби и да ги пазат Неговите закони. Алилуја!“ (Псалм 105,43.45)

Бог на Израелот му ги дал сите можности, му ги дал сите предимства за да може да му биде на чест на Божјото име и на благослов на соседните народи. Тој им ветил дека ќе ги „возвиши со чест, со име и со слава над сите народи“ ако одат по патот на послушноста. „Сите народи на Земјата“, вели Бог, „ќе слушнат дека се наречуваш со Господовото име, па ќе стравуваат од тебе“. Народите кои ќе чујат за сите овие закони, ќе речат: “„само еден народ е мудар и умен, а тоа е овој голем народ“. (Воспитување, стр. 40. оригинал)

И на нас се однесува советувањето: „Потсетувајте се на вашите поранешни денови“… Господ делувал како чудотворен Бог за својот народ во ова поколение. (Сведоштва за црквата вол. 6, стр. 365. оригинал)

Она што Тој го направил за својот избран народ би требало да го исполни со благодарност секое срце; но Тој е ожалостен што Му се оддава толку малку благодарност. Тој сака да види посилни изрази на благодарност од страна на својот народ, кој на тој начин ќе покаже дека е свесен за причините на својата радост и задоволства. (Сведоштва за црквата вол. 6, стр. 364. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest