17 август – Лажни задоволства – познавање на злото

„Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше.“ (Битие 3,6)

Бог не сакал Адам и Ева да го запознаат злото. Познавањето на доброто им било достапно и дадено; меѓутоа познавањето на злото – гревот и неговите последици, заморната и мачна работа, тешкотиите и грижите, разочарувањето и длабоката жалост, болката и смртта – тоа од љубов било сокриено од нив.

Додека Бог му сакал добро на човекот, сатаната настојувал да го упропасти… Сатаната сакал да ги увери дека ова познавање на доброто измешано со зло ќе им биде на благослов и дека Бог им ускратил голема добрина забранувајќи им да скинат плод од тоа дрво. Тој тврдел дека Бог им забранил да го вкусат плодот поради неговата прекрасна особина да дава мудрост и сила, и дека на тој начин се обидел да ги спречи да постигнат поблагороден развој и да најдат повозвишена среќа…

Кога Ева видела дека „дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и пожелно заради знаењето, набра од неговиот род и јаде.“ Плодот бил со пријатен вкус и, додека јадела, и се чинело дека навлегува во повисоки сфери на постоење. Кога згрешила, таа станала искушувач на својот маж, „па и тој јадеше“(Битие 3,6)

„Ќе ви се отворат очите“ рекол непријателот, „и вие ќе бидете како богови, распознавајќи го доброто и злото“ (Битие 3,5). Нивните очи навистина се отвориле; но колку жално било тоа отворање! (Воспитување, стр. 23-25. оригинал)

Дококу Адам и Ева никогаш не го допреле забранетото дрво, Господ ќе им подарел знаење – знаење врз кое немало проклетство на гревот, знаење што ќе им донело вечна радост. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 290. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest