11 јуни – Христијанското заедништво се огледа во унапредување на благосостојбата на другите

„Затоа се утешивте. Но покрај оваа наша утеха, многу повеќе се зарадувавме заради радоста на Тит, зашто сите вие го освеживте неговиот дух.“ (2. Коринтјаните 7,13)

Топлината на вистинското пријателство, љубовта што го врзува срцето со срце, е предвкус на небесните радости. (Здравје и среќа, стр. 360. оригинал)

Секоја душа е опкружена со своја посебна атмосфера со атмосфера која може да биде исполнета со животодавна, силна вера, со храброст и надеж, и со сладок мир на љубовта. Или може да биде студена и тешка, полна со незадоволство и со себичност, отруена со смртоносна зараза на омилените гревови. Со атмосферата што не опкружува, ние, свесно или несвесно, влијаеме врз секое лице со кое доаѓаме во допир. (Христови параболи, стр. 339. оригинал)

За време на својот живот на земјата Христос околу себе ширел силно, сеопфатно влијание што го поврзувало со Бога и со целиот човечки род. Бог преку Христа луѓето ги надарил со влијание што им оневозможува да живеат себично, сами за себе. Како поединци ние сме поврзани со нашите ближни и сме дел на големото Божјо семејство во кое не врзуваат заемни должности. Никој не може да остане изделен од своите ближни, зашто од благосостојбата на поединците зависи благосостојбата на другите. Божја намера е секој од нас да се чувствува неопходен за среќата на другиот, и секој од нас да се труди да ја зголеми таа среќа. (Христови параболи, стр. 339. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest