4 април – Достојни за страдање

„Тогаш го послушаа, и ги повикаа апостолите и ги изнатепаа и им забранија да зборуваат за Исусовото име, и ги пуштија. Тие пак си отидоа од Синедрионот со радост, зашто беа удостоени да претрпат понижување за Исусовото име.“ (Дела 5,40.41)

Кога луѓето настојуваат да дојдат во согласност со Бога, согледуваат дека маките на крстот сѐ уште не престанале. „Управителите на темнината, поднебесните духови на злобата“ построени се против сите оние што му се покоруваат на небесниот закон. Затоа наместо да предизвикуваат жалост, прогонствата треба да им донесат радост на Христовите ученици, бидејќи тоа за нив претставува најдобар доказ дека одат по стапките на својот Учител…

Сатаната во сите времиња ги прогонувал припадниците на Божјиот народ. Ги мачел и ги убивал, но тие и умирајќи победувале. Со цврстината на својата вера го откривале Оној кој е посилен од сатаната. Сатаната можел да го мачи и убие телото, но никако не можел да допре до животот кој со Христа бил скриен во Бога. Можел да ги фрли во затвор, но не можел да го врзе духот. Сепак, тие гледале кон славата што ќе настапи по темнината и говореле: „Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас“. „Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу пообилна и вечна тежина на славата“ (Римјаните 8,18; 2. Коринтјаните 4,17) (Мисли од гората на блаженствата, стр. 29.30. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest