„На тоа Ана се помоли вака: ‘Моето срце воскликнува во Господа расте мојата сила преку мојот Бог. Устата ми се шири на моите непријатели, зашто се радувам на Твојата помош.’“ (1. Самуилова 2,1)
„Ама Ана стана… и се заветува вака: ‘Господи над Воинствата! Ако погледнеш на неволјата на својата слугинка, и си спомниш за мене, и не ја заборавиш својата слугинка та и дадеш на својата слугинка машко дете, јас ќе Му го подарам на Господа за сите денови на неговиот живот.’“ (1. Самуилова 1,9.11)
Бог ја примил молитвата на Ана и и го подарил она за што сесрдно го преколнувала. Дочекувајќи го своето дете, го нарекла Самоил „зашто го измоли од Господа“. Штом момчето пораснало толку за да може да се одвои од мајка си, таа го исполнила својот завет. Ана го сакала своето дете со сета преданост на мајчинското срце; посматрајќи го секој ден како се развива и слушајќи го неговиот детски говор, го сакала сѐ повеќе и повеќе. Тоа и било единствено дете, посебен небесен дар. Меѓутоа, бидејќи го примила како дар посветен на Бога, таа не сакала на Дародавецот да му го скуси она што е негово.
Кога Ана повторно пошла со својот маж во Силом, му го донела на свештеникот во Божјо име својот драгоцен подарок, велејќи: „О … господару мој! Јас сум онаа жена што стоеше тука при тебе и му се молеше на Господа. За ова дете се молев, и Господ ми ја исполни молбата со која му се молев. И јас му го предавам сега на Господа за цел живот нека му служи на Господа.“…
Мајчиното срце било полно со благодарност и со радост и таа копнеела да му ја изрази на Бога својата благодарност. Духот на пророштвото ја обзел неа и таа „се помоли и рече:
„Ми се израдува срцето мое во Господа;
се воздигна мојот рог преку мојот Бог.“
(Патријарси и пророци, стр. 570.571. оригинал)
