31 мај – Бог го отстранува стравот

„Не бој се, зашто Јас Сум со тебе; не обрнувај се исплашено, зашто Јас Сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со победничка десница.“ (Исаија 41,10)

Дали Исус е вистинит? Дали го мисли тоа што го кажува? Одговорете одлучно: Да, секој збор. Тогаш, ако сте го утврдиле ова, преку вера побарајте го секое ветување што Тој го дал и примете го благословот; зашто ова прифаќање преку вера ѝ дава живот на душата. Можете да верувате дека Исус е вистинит кон вас, дури и ако се чувствувате како најслабото и најнедостојното од Неговите чеда. (Testimonies to Ministers, p. 517)

Зборовите не можат да ги опишат мирот и радоста што ги поседува оној кој го држи Бога за Неговиот збор. Искушенијата не го вознемируваат, навредите не го гневат. Неговото „јас“ е распнато. Од ден на ден неговите должности можат да стануваат сè потешки, искушенијата посилни, а маките посурови; но тој не се поколебува, зашто добива сила еднаква на неговите потреби. (Порака до младите, стр. 98. оригинал)

Христос ја знае силата на вашите искушенија и силата на вашата моќ да им се спротивставите. Неговата рака е секогаш испружена со сочувствителна нежност кон секое дете што страда. На искушуваниот и обесхрабрениот Тој му вели: „Дете Мое, за кое страдав и умрев, зарем не можеш да Ми веруваш?“ „Твојата сила ќе биде според твоите денови“. (Порака до младите, стр. 98. оригинал)

Мирот доаѓа со потпирањето на божествената моќ… Бидете ведри и славете Го Господа за Неговата милост и љубов. Она што не можете да го разберете, препуштете Му го Нему. Тој ве сака и сочувствува со секоја ваша слабост. (Testimonies to Ministers, p. 518)

Ништo нe e нaвидум тoлку нeмoќнo, a всушнoст тoлку нeпoбeдливo, кaкo душaтa штo ja чувствувa свojaтa ништoжнoст и цeлoснo сe пoтпирa нa зaслугитe нa Спaситeлoт. Прeку мoлитвa и прoучувaњe нa Нeгoвиoт збoр, прeку вeрa вo Нeгoвaтa пoстojaнa присутнoст, и нajслaбитe чoвeчки битиja мoжaт дa живeaт вo пoстojaнa врскa сo живиoт Спaситeл. Toгaш, Toj цврстo ќe ja држи душaтa сo Свojaтa дeсницa и никoгaш нeмa дa ja oстaви. (Здравје и среќа, стр. 182. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest