30 јули – Ангелите служат на потребите на луѓето

„Не се ли тие сите службени духови, испратени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението?“ (Евреите 1,14)

Денес, исто како и во деновите на апостолите, небесните весници поминуваат низ сета земја, настојувајќи да ги утешат несреќните, а да ги заштитат потклекнатите и да ги придобијат човечките срца за Христа. Ние не можеме да ги видиме лично, но тие сепак се крај нас, насочувајќи ги нашите чекори и штитејќи нѐ.

Со помош на оние таинствени скали (од сонот на Јакова), чијашто основа цврсто е поставена на земјата, додека врвот им допира до престолот на Семоќниот – Небото наполно се приближило до земјата. Ангелите постојано се качуваат и слегуваат по тие сјајни блескотни скали, пренесувајќи ги молитвите на несреќните и очајните кон небесниот Отец и донесувајќи им благослов и надеж, храброст и помош на човечките деца. Тие светлосни ангели околу душата создаваат небесна атмосфера, издигнувајќи нѐ кон она што е невидливо и вечно. Нивниот лик ние не можеме да го видиме со нашето телесно сетило на видот, зашто она што е небесно може да се види само со духовна визија. Само духовното уво може да ја чуе хармонијата на небесните гласови…

Мораме подобро отколку до сега да ја сфатиме мисијата на ангелите. Би било добро да имаме на ум дека со секое вистинско Божје дете соработуваат небесни суштества. Невидливите војски на светлината и силата им помагаат на понизните верници кои се потпираат врз Божјите ветувања. Од десната страна на Семоќниот стојат херувими и серафими и ангели со исклучителна сила: „Не се ли сите тие прислужнички духови пратени да им служат на оние кои ќе наследат спасение“ (Евреите 1,14). (Делата на апостолите, стр. 152-154. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest