25 aприл – Предупредени сме за искушенија

„Блажени сте вие, кои гладувате сега, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои плачете сега, зашто ќе се смеете!“ (Лука 6,21)

„Кога ќе ве срамат и прогонуваат“, кажува Исус, „радувајте се и веселете се“. Потоа на своите слушатели им укажал на пророците „кои говореле во името Господово“, како „пример на страдања и долготрпенија“ (Јаков 5,10). Авел, првиот христијанин меѓу потомците на Адам, умрел како маченик. Енох чекорел со Бога, но светот не можел да го сфати. На Ное му се потсмевале дека е фанатик кој внесува немир меѓу луѓето. „А други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор“, „други, пак, беа мачени и не прифатија да бидат ослободени, за да добијат подобро воскресение“ (Евреите 11,36.35). (Мисли од гората на блаженствата, стр. 33. оригинал)

Имај на ум дека оваа земја не е небо. Христос рекол: „Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто јас го победив светот.“… Исус не те оставил неизвестен за да те изненадат искушенијата и тешкотиите на кои наидуваш. Тој ти рекол сè за нив, и исто така ти рекол да не се обесхрабруваш и да не паднеш кога ќе наидат искушенија. Својот поглед насочувај го кон Исуса, твојот Откупител и радувај се и весели се. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 127.128. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest