16 aприл – Тој сака дури и мене да ме облагороди

„Да, блазе му на човекот кого Бог го изобличува, затоа не презирај го ти карањето на Сèсилниот!“ (Јов 5,17)

Многу од неволите кои те снаоѓаат, Бог ги дозволува во својата мудрост за повеќе да му се приближиш на престолот на благодатта. Преку болката и неволјите низ кои минуваат Неговите деца, Тој настојува да ги омекне и потчини нивните срца. Животот на овој свет претставува Божја работилница, каде што Тој нè подготвува и обликува за небесните дворови. Острицата на своите орудија за мазнење и усовршување Тој ја применува и на нашето растреперено срце сè додека не ги отстрани сите нерамнини и неправилности и додека не станеме приспособени да го заземеме своето вистинско место во небесната градба. Преку неволјите и болните удари, христијанинот се чисти од гревот, духовно зајакнува и го развива својот карактер според примерот кој ни го оставил Христос. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 143. оригинал)

Фaктoт дeкa смe пoвикaни дa издржимe вaкви прoби, пoкaжувa дeкa Гoспoд Исус вo нaс глeдa нeштo скaпoцeнo штo сaкa дa гo рaзвиe. Кoгa вo нaс нe би видeл ништo штo би мoжeлo дa гo прoслaви Нeгoвoтo имe, Toj нe би трoшeл врeмe дa нѐ oблaгoрoди. Вo Нeгoвaтa пeчкa нe сe тoпaт бeзврeдни кaмeњa. Toa сe блaгoрoдни кaмeњa штo Toj ги прочистува. (Здравје и среќа, стр. 471. оригинал)

„О, блажен е оној кого Бог го поправа! Не ја презирај поуката на Семоќниот; Тој преврзува таму каде што ранува, Тој задава болка и Тој лекува.“ (Јов 5,17.18; според преводот на Мофат)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest