25 декември – Нема да има веќе смрт

„И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.“ (Откровение 21,4)

Вистинските Христови ученици поминуваат низ болни судири, поднесувајќи самооткажувања и горки разочарувања. Но тоа им ја покажува сета големина и тежина на гревот над кој тие се гнасат и го гледаат со одвратност. Затоа што на земјата биле учесници во Христовите страдања и патила, избрани се да бидат учесници и во Неговата слава. Пророкот во видение ја видел конечната победа на остатокот на Божјата црква. (Делата на апостолите, стр. 590. оригинал)

Во небесната атмосфера нема болка. Таму нема веќе солзи, ниту закоп, ниту каков и да е знак на жалост… Во Божјиот град „нема да има ноќ“. Никој ќе нема потреба ниту ќе посака одмор. Никој нема да се уморува извршувајќи ја Божјата волја и прославувајќи го Неговото име. Ние постојано ќе чувствуваме утринска свежина која никогаш нема да престане. (Големата борба, стр. 676. оригинал)

Таму откупените ќе ги поздрават оние што ги довеле кај Спасителот и заедно ќе го слават Оној кој умрел за смртните човечки суштества да добијат живот кој, според долговечноста, може да се спореди со Божјиот живот. Вековниот судир е завршен. На страдањата и на борбите им дошол крај. Низ целото небо се одгласуваат победоносни песни, додека откупените своите гласови ги придружуваат кон радосниот акорд: Достојно, достојно е Јагнето кое беше заклано, и кое повторно живее како славен победник. (Делата на аостолите, стр. 602. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest