3 декември – Небесата Го слават

„Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде.“ (Псалм 148,4.5)

Сонцето, месечината, ѕвездите, цврстите карпи, потокот што тече, широкиот, немирен океан – сето тоа ни нуди лекции на кои би било добро сите да им обрнат внимание. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 190)

Природата е полна со лекции за Божјата љубов. Правилно разбрани, овие лекции водат кон Создателот. Тие укажуваат од природата кон Богот на природата, поучувајќи ги оние едноставни, свети вистини кои го чистат умот и го носат во близок допир со Бога.

Големиот Учител ја повикува природата да ја одразува светлината што го преплавува прагот на небото, за луѓето да бидат доведени до послушност на Неговата Реч. И природата ги извршува наредбите на Создателот. За срцето омекнато од Божјата милост, сонцето, месечината, ѕвездите, величествените дрвја, цвеќињата во полето, упатуваат зборови на совет и поука. Сеењето на семето го насочува умот кон духовното сеење на семе. Дрвото стои и објавува дека добро дрво не може да роди лош плод, ниту пак лошо дрво може да роди добар плод… Додека Христос ни го кажува значењето на нештата во природата, науката за вистинската религија блеснува, објаснувајќи ја поврзаноста на Божјиот закон со природниот и духовниот свет.

Ластовицата и штркот ги набљудуваат промените на годишните времиња. Тие мигрираат од една земја во друга за да најдат соодветна клима, како што Господ одредил. Тие се послушни на законите кои го управуваат нивниот живот. Но, суштествата создадени според Божјиот лик не успеваат да Го почестат со послушност кон законите на природата. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 188.189)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest