21 октомври – Закхеј радосно Го примил

Низ Ерихон поминувале многу карвани, патувајќи во различни правци за време на празниците. Нивното пристигнување во градот секогаш претставувало време на радост, но сега народот го возбудило подлабоко интересирање. Било познато дека среде мноштвото се наоѓал и галилејскиот Учител кој неодамна го воскреснал Лазара, па иако кружеле гласови за заговор од страна на свештениците, мноштвото сакало да му оддаде почест… Захеј слушал за Исуса. Извештајот за Оној кој љубезно и внимателно се однесувал кон презрените општествени слоеви
се проширил на сите страни. Кај старешината на цариниците се разбудил копнеж за подобар живот… кога низ Ерихон се прочула вест дека во градот влегува Исус. Захеј решил да го види…

Улиците биле затрупани, па Захеј, кој бил малечок по раст, не можел ништо да види преку главите на другите луѓе. Никој не сакал да го пропушти, па така, трчајќи малку пред мноштвото до една разгранета смоква што се надвила над патот, богатиот собирач на данок се качил и седнал меѓу гранките од каде што можел да ја набљудува поворката што поминувала под смоквата. Толпата се приближила и поминувала, а Захеј со страден поглед барал да го препознае ликот на Оној за кого копнеел…

Одненадеж, групата застанала токму под смоквата; оние што оделе први и оние што оделе последни се запреле, а погледот на Оној што го читал умот се подигнал горе. Речиси сомневајќи се во своите сетила, човекот на дрвото ги чул зборовите: „Захеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!“

Мноштвото направило пат и Захеј, одејќи како во сон, се упатил кон својот дом… Христос дошол во неговиот дом да му даде поуки за вистината и да ги поучи неговите домашни за небесното царство. Тие биле исклучени од синагогите затоа што биле презрени од рабините и верниците; но сега, најпочестениот дом во цел Ерихон се собрал околу божествениот Учител во својата куќа да ги слуша зборовите на животот. (Копнежот на вековите, стр. 552-556. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest