6 јуни – Христијанското заедништво се огледа во молитвите за душите

„Непрекратно во секоја своја молитва се молам за сите вас со радост, заради вашето учество во проповедањето на Евангелието од првиот ден досега.“ (Филипјаните 1,4.5)

Молитвата е заедница со Бога, Изворот на мудроста, Изворот на силата, мирот и среќата… Павле ги поттикнува верниците да се „молат без престан“, за сè, преку молитва и молба, со благодарност, да ги кажат своите барања пред Бога. „Молете се еден за друг“, вели Јаков. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 42. оригинал)

Научете да практикувате вера принесувајќи ги своите ближни пред престолот на благодатта, молејќи Го Бога да ги допре нивните срца. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 245. оригинал)

Души треба да се бараат; ние треба да се молиме и да работиме за нив. Мораме да им упатуваме сесрдни повици. Мораме да приложиме сесрдни молитви за нив. Нашите немоќни молби без дух треба да се претворат во молби полни со силна срдечност. Божјата реч вели: „Сесрдната молитва на праведникот има голема сила“ (Јаков 5,16). (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 12. оригинал)

„Во сите мои молитви за сите вас, секогаш се молам со чувство на радост.“ (Филипјаните 1,4, Мофат).

Проповедникот никогаш не смее горделиво да господари над оние кои, како припадници на Божјото стадо, се доверени на негова грижа, туку треба во сè да им биде пример и да им го покажува патот на спасението. Следејќи го Христовиот пример, тој треба пред Бога да се зазема за оние кои се доверени на негова грижа сè додека не се осведочи дека нивните молитви се услишени. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 267.268. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest