6 мај – Радувајте се на спасението

„Нека се радуваат и нека се веселат во Тебе, сите, кои Те бараат! Нека зборуваат секогаш: ‘Господ е величествен!’ Сите, кои го љубат Твоето спасение.“ (Псалм 40,16)

Без поврзаност со Бога, никој не може да биде навистина среќен. Паднатиот човек треба да научи дека нашиот Небесен Татко не може да биде задоволен сè додека Неговата љубов не го прегрне покајаниот грешник, преобразен преку заслугите на безгрешното Јагне Божјо…

Исус Христос го прифати човештвото, за со својата човечка рака да го прегрне човечкиот род, додека со својата божествена рака го држи престолот на Бесконечниот. Тој го постави својот крст на средината меѓу земјата и небото и рече: ‘И Јас, кога ќе бидам подигнат од земјата, ќе ги привлечам сите кон Себе’. Крстот требаше да биде центар на привлечност.

Тој требаше да им зборува на сите луѓе и да ги привлече преку бездната што ја направи гревот, за да ги обедини смртните луѓе со бесконечниот Бог… Оние на кои гревовите им се простени, кои Го љубат Исуса, ќе бидат обединети со Него. Тие ќе го носат Христовиот јарем. Овој јарем не е за да ги спречува, ниту пак да го претвори нивниот религиозен живот во непосакувана мака. Не; јаремот Христов треба да биде самото средство преку кое христијанскиот живот ќе стане живот на задоволство и радост. Христијанинот треба да биде радосен размислувајќи за она што Господ го направил, давајќи Го својот Единороден Син да умре за светот, ‘та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот’. (Порака до младите, стр. 137.138. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest