8 март – Неговата мудрост носи задоволство

„Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир. Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи.“ (Пословици 3,17.18)

Мудрецот вели дека мудроста е таква што „нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир“ (Пословици 3,17). Многумина мислат дека посветеноста на Бога е опасна по здравјето и дека ги нарушува радоста и среќата на општествениот живот. Сепак, оние кои одат во мудрост и светост гледаат дека „побожноста е полезна за сè, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот“ (1. Тимотеј 4,8). Тие уживаат во вистинските животни задоволства, нив не ги мачат залудни каења поради попусто потрошеното време, ниту пак се плашат како што луѓето во светот често се плашат кога не се обземени со некоја возбудлива забава. (Counsels on Health, p. 627)

Вистинската вера го облагородува умот, го префинува вкусот, го посветува разумот, а оној кој ја поседува го прави учесник во светоста и непорочноста на Небото. Таа нè приближува до ангелите, а нè одвојува сè повеќе и повеќе од духот и влијанието на светот. Таа продира во сите дела и сите односи во животот и ни дава „дух на сила, љубов и чистота“, чија последица се среќата и мирот. (Counsels on Health, p. 629)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest