16 октомври – Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен

„Царот се израдува многу и нареди да го извадат Даниела од јамата. Го извадија Даниела од јамата неповреден, зашто се надеваше во својот Бог.“ (Даниел 6,23)

„Му се свиде на Дариј да постави над своето царство сто и дваесет сатрапи, за да бидат над сето царство. На нивно чело им стави три прочелници – Даниел беше еден од нив.“ (Даниел 6,1.2)

Почестите, со кои Даниел бил опсипуван, предизвикале завист кај водечките луѓе во царството, па затоа барале прилика да го обвинат. Меѓутоа, не можеле „бидејќи тој беше верен и немаше никаква грешка ни вина.“…

Најпосле управителите и старешините се посоветувале меѓу себе и смислиле план да го уништат пророкот. (Пророци и цареви, стр. 539.540. оригинал)

„Откако ги чу тие зборови царот се нажали многу и одлучи да го спаси Даниела… Царот се врати во својот дворец и ја помина ноќта без да вкуси јадење и не дозволувајќи да му ги доведат соложниците. Не можеше да заспие.“ (Даниел 6,14.18)

Бог не ги спречил Даниеловите непријатели да го фрлат во лавовска јама. Тој им дозволил на злите ангели и на расипаните луѓе до таа мера да си ги исполнат желбите, но само со цел што повеќе да го истакне избавувањето на својот слуга, а поразот на непријателите на вистината и неправдата да го направи потполн…

Царот Дариј утредента рано побрзал до јамата и „повикал со жалостен глас,“ „О Даниел, слуго на живиот Бог, дали Богот твој, на кого му служиш без престан, можеше да те избави од лавовите?“

А пророкот одговори: „Царе, да си жив довека! Мојот Бог го прати ангелот свој и ги затвори устите на лавовите, па не ми напакостија…

„Тогаш царот многу се израдува на тоа, и заповеда да го извадат Даниела од јамата.“ (Пророци и цареви, стр. 543.544. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest