6 август – Да се прави она што е право

„Праведниот суд е радост за праведникот, а ужас за злосторниците.“ (Пословици 21,15)

Тој што е потполно задоволен со тоа што примил налог одозгора ќе биде бодрен од Божјите ветувања, и ќе се труди да чини правда и суд. Да се има непоколеблива доверба во Бога, да се врши Неговата волја тоа значи да се оди по сигурен пат. Божјиот совет ја поедноставува сложеноста на деловните потфати и домашните должности. Христовите следбеници, кои во работата ја имаат во предвид само Божјата слава, ќе добијат небесна мудрост. (Сведоштва за црквата, вол. 8. стр. 141. оригинал)

Божјата реч и Неговиот закон, запишани во душата и манифестирани во посветен и побожен живот, имаат голема моќ и влијание во осведочување на светот. Лакомството, кое претставува идолопоклонство, и зависта и љубовта кон светот ќе бидат искоренети од срцата на оние кои се послушни на Христа и кои наоѓаат задоволство во тоа да прават што е добро, да ја љубат милоста и да одат понизно пред Бога. (Сведоштва за црквата, вол. 3. стр. 201. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest