18 август – Лажна наука

„И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата.“ (2. Солунјаните 2,11.12)

Оние што не се подготвени да ги прифатат јасните и очигледни вистини на Светото писмо, секогаш бараат угодни прикаски што ја смируваат нивната совест. Ако науките што се проповедаат се помалку духовни и бараат помалку самооткажување и скромност, се прифаќаат со поголема ревност. Тие луѓе ги понижуваат своите умни способности и им робуваат на своите телесни желби. Премногу мудри во своите очи за да го истражуваат Светото писмо со понизно срце и со сериозна молитва за божествено водство, тие немаат никаква заштита што би ги засолнила од заблудите. Сатаната е подготвен да го задоволи стремежот на нивното срце и вистината да ја замени со своите измами… Сите што ја занемаруваат Божјата реч и се стремат кон световна удобност за да не се разликуваат од светот, наместо вистината ќе прифатат кривоверство достојно за осуда. Оние што намерно ја отфрлаат вистината, ќе прифатат секаква заблуда што воопшто може да се замисли. Макар некој со ужас да гледа на една измама, со задоволство ќе прифати друга. Апостол Павле ни зборува за оние луѓе кои „не ја примија љубовта на вистината за да се спасат“. Тој кажува за нив: „И затоа Бог им праќа заблуда да дејствува меѓу нив за да ѝ веруваат на лагата, та да бидат осудени сите кои не ѝ поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправедноста“ (2. Солунјаните 2,11.12). Бидејќи ни се дадени такви опомени, треба да бидеме претпазливи какви науки примаме. (Големата борба, стр. 523.524. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest