29 септември – Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото

„Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.“ (Пословици 16,24)

Oхрaбрувaчкитe збoрoви, упaтeни кoн нeкoja бoлнa и oбeсхрaбрeнa душa, Спaситeлoт ги прифaќa кaкo дa стe му ги упaтилe личнo Нeму. Нeбeснитe aнгeли глeдaaт нa нaс сo зaдoвoлствo и oдoбрувaњe, кoгa нaстojувaмe дa ги утeшимe срцaтa нa oжaлoстeнитe. (Здравје и среќа, стр. 159. оригинал)

Христовата благодат треба да управува со темпераментот и со гласот. Нејзиното дејствување ќе се гледа во учтивоста и нежното внимание што братот му го покажува на братот, во љубезните и охрабрувачки зборови. (Христови параболи, стр. 102. оригинал)

Треба да се нагласува влијанието на умот врз телото исто како и влијанието на телото врз умот… Штетните, па дури и разорни последици од гневот, незадоволството, себичноста, порочноста, и од друга страна, прекрасната животна сила која се наоѓа во доброто расположение, несебичноста, благодарноста – сето тоа исто така треба да се прикаже… „Пријатните зборови“, вели Писмото, не се само „сладост на душата“, туку и „лековити за коските“. (Воспитување, стр. 197. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest