26 февруари – Исус со љубов се грижел и интересирал за човечкото семејство

„Се радував по почвата на Неговата земја, и мојата радост се човечките синови.“ (Пословици 8,31)

Исус секогаш и на секое место покажувал длабок интерес за човечкото семејство и ширел околу Себе зраци на радосна побожност (Порака до младите, стр. 405. оригинал)

Допирал до човечките срца движејќи се меѓу нив како Оној кој им посакува добро. Тој ги барал на градските улици, во домовите, во чамците, во синагогата, на бреговите на езерото и на свадбената свеченост. Ги среќавал на нивните секојдневни должности, покажувајќи интерес за нивните световни дејности. Во домовите давал упатства, доведувајќи ги семејствата во нивните сопствени домови под влијание на своето божествено присуство. Неговото силно лично сочувство му помагало да ги задобие срцата. (Копнежот на вековите, стр. 151. оригинал)

Исус го карал попуштањето на себеси во сите негови облици, но по природа бил друштвен. Тој го прифаќал гостопримството на сите општествени слоеви, посетувајќи домови и на богати и на сиромаси, и на образовани и на необразовани, трудејќи се да ги издигне нивните мисли од секојдневното кон она што е духовно и вечно. Тој не го одобрувал распуштениот живот и врз неговото однесување не паѓала никаква сенка на световна лекоумност; сепак, Тој наоѓал задоволство во сцените на простодушната радост и со своето присуство ги одобрувал општествените собири. (Копнежот на вековите, стр. 150. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest