24 август – Победата на безбожниците е со краток здив

„Зар тебе не ти е познато од старо време, од кога е поставен човекот на земјата, дека е кратковремена радоста на нечесниот, дека среќата на безбожникот поминува како миг?“ (Јов 20,4.5)

Помислете, о, помислете во часовите на задоволства дека сето тоа има свој крај! Кога би имале правилно гледиште за животот, за бескрајниот живот со Бога, колку бргу би го напуштиле животот на задоволства и грев! Колку бргу би го смениле своето мислење, својот начин на живот, своето друштво и сета своја сила на љубовта би ја насочиле кон Бога и кон небесните нешта! Колку одлучно би се спротивставиле на искушенијата кои ве завеле и заробиле! Колку ревносни би биле вашите напори да го заслужите блажениот живот, колку искрени и истрајни би биле вашите молитви кон Бога да ви подари благодат и моќ да ви помогне да се спротивставите на ѓаволот! Колку многу би се труделе да го поправите вашиот верски живот и да ги дознаете вашите верски патишта и Божјата волја! Колку грижливо би размислувале за Божјиот закон и би го споредувале својот живот со прописите на тој закон! Колку многу би се чувале да не направите грев во збор или дело и колку би копнееле да растете во благодатта и во вистинската светост! Не би разговарале за безначајни работи, туку само за небесните. Пред вашите очи тогаш би се прикажале величествени и вечни нешта и вие не би одморале сè додека не ја зголемите својата духовност сè повеќе и повеќе. Меѓутоа, земските нешта го привлекле сето ваше внимание и вие сте заборавиле на Бога. О, ве преколнувам да го смените правецот во вашиот живот и да Го барате Господа за да го најдете; повикувајте Го додека е близу. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 290.291. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest