„Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; дека, иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабоката беда, покажаа преизобилно богатство на нивната дарежливост.“ (2. Коринтјаните 8,1.2)
Речиси сите македонски верници биле сиромашни во земни добра, но срцата им биле преполни со Божја љубов и со неговата вистина и радо давале за да го помогнат ширењето на евангелието. Кога во црквите на некогашните незнабошци биле собрани прилози за верниците од еврејско потекло, духот на дарежливост во Македонија е истакнуван како пример пред другите цркви…
Подготвеноста на жртва од страна на македонските верници била последица на нивното искрено преобратување. Под влијание на Божјиот Дух тие „првин самите себе му се предадоа на Господа“ (2. Коринтјаните 8,5), и тогаш биле подготвени со радост да ги приложуваат своите средства за проповедање на евангелието. Не било потребно некој од нив да го бара тоа, зашто тие сами се радувале што им се дала можност да изделат дел од своите неопходни потреби за да ги задоволат потребите на другите. Кога апостолот сакал да ја ограничи нивната дарежливост, тие го преколнувале да ги прими нивните дарови. Во својата едноставност и чесност, во својата љубов кон браќата, тие радо се подложиле на самооткажување за да изобилуваат со плодови на доброчинства. (Делата на апостолите, стр. 343.344. оригинал)
