БОЖЈАТА
БЛАГОДАТ
Во неспоредливиот дар на Неговиот син, Бог го опкружи целиот свет со атмосфера на благодат реална како воздухот што циркулира околу земјата. ... воодушевете се од
БИБЛИСКИ
УЧЕНИК
…станете подобар Но Бог сака на Земјата да има народ кој Библијата и само Библијата ќе ја истакнува како единствено мерило за секое учење и како темел за секоја реформа.
ХРИСТОС НАША
ПРАВЕДНОСТ
…искусете Еден интерес ќе надвладее, еден предмет ќе го проголта секој друг - Христос наша праведност.
МОЛИТВА …обединете се со нас на Молитвата не го спушта Бога кај нас, туку нас нè издигнува кон него. ИСУСОВАТА
МИСИЈА
…придружете ни се во Само ако Бог го сакаме најмногу, можно е да го сакаме својот ближен непристрасно.
Добредојдовте во Христијанска Адвентистичка Црква ул. „Петар Поп Арсов“ бр. 25, Скопје, и...

Пренос во живо

Придружете ни се на нашите служби

ПЕТОЧНО БОГОСЛУЖЕНИЕ

Петок, со заоѓање на сонцето
Добредојдени сте заеднички да го отпочнеме библискиот саботен ден со зајдисонце во петок навечер. Богослужението опфаќа проучување на Светото Писмо и соодветна духовна литература, во кое секој може слободно да земе учество со свој коментар или прашања поврзани со темата.

САБОТНИ БОГОСЛУЖЕНИЈА

Сабота, 09:00 (утринско) и 18:00 (вечерно)
Придружете ни се на нашите саботни богослуженија каде го прославуваме Бога преку проучување на Светото Писмо, молитва и пеење на духовни химни. Доколку не сте во можност да присуствувате во молитвениот дом, богослуженијата можат да се следат во живо на оваа веб страна или директно на нашиот youtube канал.

МОЛИТВЕН ЧАС

Среда во 18:00
Богослужение посветено на молитва кон Бога за сите наши благодарности и потреби, како и молитви за потребите на нашите ближни. Повелете заеднички да ги отвориме нашите срца во молитва кон Бога!

Библиска поука

Дарот на пророштвото - Толкување на пророчките списи (14 ноември - 20 ноември)

Библијата, свој сопствен толкувач

15 November

Настани кои следуваат

Стих на денот

Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
(Филипјаните 4,13)

Мисла на денот

Наштимувај се со утринска молитва, за да не свириш фалш преку целиот ден!

Стих на денот

Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
(Филипјаните 4,13)

Мисла на денот

Наштимувај се со утринска молитва, за да не свириш фалш преку целиот ден!

Блескава религија

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч

„Самиот Давид Го наречува ‘Господ’ – како може тогаш да му биде син? И големо множество Го слушаше со задоволство.“ (Марко 12,37)

Начинот на кој Христос поучувал бил прекрасен и привлечен, а секогаш се одликувал со едноставност. Тој ги откривал тајните на неб�...

Видео на денот

Песна на денот

„Копнежот на вековите“ на денот

Кога се исполни времето (трет дел)

November 14

Народот што го повикал Бог да биде „столб и тврдина на вистината“ (1 Тимотеј 3,15), станал претставник на сатаната. Извршувал задача што му ја доверил сатаната за со погрешно претставување на Божјиот карактер да го наведе светот Бога да го смета за тиран. И свештениците, кои служеле во храмот, ја загубиле од вид смислата на службата што ја вршеле. Тие престанале во симболите да ја гледаат суштината. Кога ги принесувале жртвените дарови, се однесувале како артисти на сцена. Обредите што ги воспоставил Бог станале средство за заслепување на умот и за стврднување на срцето. Со овие канали Бог не можел веќе ништо да стори за човекот. Целиот систем морал да се укине.

Пред целата вселена се покажало дека без Бога паднатото човештво не може да се подигне. Сатаната ликувал што успеал во човечкиот род да го унижи Божјиот лик. Тогаш Исус дошол да го обнови во човекот ликот на Творецот. Никој друг, освен Христос, не е во состојба повторно да го изгради карактерот што е упропастен со гревот. Тој дошол да ги истера демоните што господареле со волјата, да нè подигне од правот и повторно да ни ја врати сличноста со себеси, разубавувајќи ја истата со својата слава.

„Големата борба“ на денот

Разурнувањето на Ерусалим (шести дел)

November 14

Седум години еден човек ги објавувал низ улиците на Ерусалим несреќите што ќе го снајдат градот. Ден и ноќ тој пеел чудна тажанка: „Глас од исток! Глас од запад! Глас од четирите краја! Глас против Ерусалим и против храмот! Глас против младоженецот и невестата! Глас против целиот народ!“ (Milman, The History of the Jews, book 13)
Ова чудно суштество го фрлиле во затвор и го тепале со камење, но не извлекле од неговата уста никаков глас. На навредите и измачувањата тој само одговарал: „Тешко, тешко на Ерусалим; тешко на неговите жители!“ Не престанал со своите опомени додека не го убиле за време на опсадата што ја преткажал.

При опсадата на Ерусалим не загинал ниту еден христијанин. Исус ги опоменал своите ученици и сите што верувале внимавале на ветениот знак. „Кога ќе видите дека Ерусалим е опколен од војски“, рекол Исус, „знајте дека е близу неговото опустување. Тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат во горите, оние што се во Ерусалим, нека излезат надвор, а оние што се во полето, нека не се враќаат во градот“ (Лука 21,20.21).

Pin It on Pinterest