1 февруари – Небесна радост поради грешниците што се каат

1 Февруари
Небесна радост поради грешниците што се каат

„Ви велам: така ќе биде на небото, поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење.“ (Лука 15,7)

Небото е полно со радост. Тоа одекнува со фалбени песни на Оној кој направил толку чудесна жртва поради откупување на човечкиот род. Зар не треба и црквата на Земјата да биде полна со благодарност? Зар христијаните не треба да ја објавуваат ширум светот радоста на служењето на Христа? Оние кои на небо ќе му се придружат на хорот на ангели во химни на благодарност, мораат уште денес на Земјата да ја научат небесната песна, чиј основен тон е благодарност. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 244. оригинал)

На небото сè е благородно и возвишено. Сите тежнеат да работат во корист на другите и да ги направат посреќни. Никој не гледа само за себе ниту се грижи само за себе. Најголемата радост на светите битија се состои во тоа да бидат сведоци на радоста и среќата на оние кои се наоѓаат околу нив. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 239. оригинал)

На Небото нема несклад и несогласувања. Насекаде владее здравје, среќа и радост. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 81. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest