24 декември – Што подготвува Бог за оние што Го љубат

„Туку, како што е напишано: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.” (1. Коринтјаните 2,9)

Јован го чул ветувањето дадено на сите кои верно се борат против злото: „На оној што победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, што е во Божјиот рај!“… Јован видел дека Бог кон својата светост, правда и сила, припојува исто така и милосрдие, нежност и љубов. Видел дека грешниците наоѓаат татко во Оној од кого некогаш се плашеле поради своите гревови. И, насочувајќи го погледот кон другата страна на зенитот на оваа голема борба, тој ги видел на Сион „победниците … кои стоеја на стакленото море и имаа Божји харфи, и ја пееја песната на Божјиот слуга Мојсеј, и песната на Јагнето“. (Делата на апостолите, стр. 588.589. оригинал)

Од страв идното наследство да не изгледа премногу материјално, мнозина симболички ги претставуваат токму оние вистини што ни овозможуваат ова наследство да го сметаме за наш вистински дом. Христос ги уверувал своите ученици дека Тој оди да им приготви станови во куќата на Отецот. Оние што ќе го прифатат учењето на Божјата реч во врска со небесната татковина не можат да останат неинформирани. Сепак, „што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние кои го љубат“ (1. Коринтјаните 2,9). Човечкиот јазик не може да ја опише наградата на праведниците. Тоа ќе им биде можно само на оние што ќе ја видат. (Големата борба, стр. 674.675. оригинал)

Небото е училиште; неговата област на проучување е вселената; неговиот учител, Бесконечниот. Гранка на ова училиште била отворена во Едем; и кога планот на спасението ќе се оствари, образованието повторно ќе продолжи во небесното училиште. (Воспитување, стр. 301. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest