5 јуни – Нашите срца се охрабрени

„А кога ќе си спомнам за твоите солзи, копнеам да те видам, да се исполнам со радост.“ (2. Тимотеј 1,4)

Ние губиме кога го занемаруваме предимството на меѓусебното дружење, јакнењето и храбрењето во служењето на Бога. Тогаш вистините на Неговата Реч ја губат својата јасност и важност за нас. Нашите срца не се повеќе просветлени ниту поттикнати со нивното посветувачко влијание и ние духовно слабееме. Во нашето дружење како христијани многу губиме поради недостиг од меѓусебно сочувство. Оној што се затвора сам во себе не ја зазема положбата што му ја одредил Бог…

Кога христијаните меѓусебно би се дружеле, кога меѓусебно би разговарале за Божјата љубов и за драгоцените вистини на откупувањето, нивните срца би биле освежени и тие меѓусебно би се крепеле. (Патот кон Христа, стр. 101. оригинал)

Сите ние сме деца на еден татко и, што се однесува до нашата среќа, зависиме еден од друг. Врз нас полагаат право и Бог и луѓето. Вистинска нега на општествените особини во нашата природа е другите да ги сториме среќни. Она што одвнатре не врзува со нашите браќа ни донесува и на самите нас среќа кога се трудиме да ги усреќиме другите. (Патријарси и пророци, стр. 541. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest