14 септември – Изразете ја својата радост бидејќи Божјите дела на создавање се прекрасни

„На што и почиваат основите? Кој и постави крајаголен камен, додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани?“ (Јов 38,6.7)

Кога „се доврши небото и земјата и сета нивна војска“ (Битие 2,1), Творецот и сите небесни суштества се радувале набљудувајќи ја славната сцена. Тогаш „пееја заедно утринските ѕвезди и триумфираа сите Божји синови“ (Јов 38,7). (Копнежот на вековите, стр. 769. оригинал)

Кога земјата излегла од рацете на својот Творец, била совршено убава. Нејзината површина била украсена со гори, со ритчиња и со рамнини, меѓу кои жубореле прекрасни реки и се простирале пријатни езера. Меѓутоа, ритчињата и горите не биле карпести ниту стрми и немале страшни забести провалии и ужасни понори, какви што има денеска. Страните на планинските венци биле прекриени со плодоносна почва на која насекаде буело зеленило и плодни растенија. Немало одвратни мочуришта и неплодни пустини. Каде и да се запрел погледот, прекрасни грмушки и милно цвеќе го пречекувале со поздрав. Височинките биле покриени со шуми чиишто стебла биле многу повеличествени од кој и да е вид дрво кое воопшто постои денеска. Воздухот бил чист и здрав и во него немало ниту траги од заразни испарувања. Севкупната слика на земјата надминувала по својата убавина секој, и најубаво уреден парк. Војските ангели со восхит ја посматрале оваа глетка и му се радувале на прекрасното Божјо дело. (Патријарси и пророци, стр. 44. оригинал)

14 септември - Изразете ја својата радост бидејќи Божјите дела на создавање се прекрасни
13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас

Pin It on Pinterest