7 септември – Пејте радосно

„Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба.“ (Псалм 147,1)

Душата може да се вивне кон небото на крилјата на своите фалбоспеви. Бога го слават со песна и со музика во небесните дворови и, додека ја изразуваме нашата благодарност, ние го усогласуваме нашето богослужение со богослужението на небесните чети. „Тој што со благодарност принесува жртва ­ навистина ме почитува“ ­ кажува Бог (Псалм 50,23). Да дојдеме радосно и со почит пред нашиот Творец, со „фалбоспев и со громка песна“ (Исаија 51,3). (Патот кон Христа, стр. 104. оригинал)

Кога човечките суштества се исполнети со Духот и пеат со разбирање, небесните ангели таквата песна ја надополнуваат со својата музика и се придружуваат на фалбоспевот. Оној кој нè опсипал со дарови кои ќе нè оспособат да бидеме работници заедно со Бога, бара од Своите слуги да го негуваат својот глас за да можат да зборуваат и пеат, така што сите ќе можат да ги разберат. Не е потребно да се пее премногу гласно; гласот треба да биде само чист и одреден, а зборовите треба јасно и разбирливо да се изговараат. На негувањето на гласот сите треба да посветат и време и труд, за Божјата слава да биде отпеана со јасен, благ глас, без грубости и острина кои го параат увото. Вештината на пеењето е Божји дар; и треба, како и другите дарови да се употребува за Негова слава. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 143. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest