8 февруари – Во Неговата Црква

„Господ, твојот Бог, е во твоја средина, силен Спасител! Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.“ (Софонија 3,17)

Божјите избраници му се мили на Неговото срце. Тоа се луѓе што Тој ги повикал од темнината во своето прекрасно видело за да Го возвишуваат, да блескотат како факли во темнината на овој свет… Но Бог ги сака своите деца со бесконечна љубов. За Него Неговата црква е поважна од сѐ на земјата. (Христови параболи, стр. 165.166. оригинал)

Во текот на долгите векови на духовниот мрак, Божјата црква била како град изграден на гора. Од столетие во столетие, низ сите поколенија, чистата небесна наука се развивала во нејзините рамки. Колку и да изгледа ослабена и несовршена, црквата е единствен објект на кој Бог во посебна смисла му посветува свое најголемо внимание. Таа е сцена на Неговата благодат на која Тој со задоволство ја открива својата моќ со која ги преобразува срцата. (Делата на апостолите, стр. 12. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest