18 мај – Веселото срце е секој ден на Божја гозба

„За натажениот сите денови се зли, а кому срцето е весело, на гозби е постојано.“ (Пословици 15,15)

Можеме да имаме гозба со добри нешта секој ден; зашто Бог може да ни ја отвори целата небесна ризница. (Testimonies to Ministers, p. 119)

Никаква човечка сила не може да ја задоволи гладта и жедта на душата. Но Исус кажува:… „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни“. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 18. оригинал)

Она што е храната за телото, тоа мора да биде Христос за душата. Храната не може да ни користи ако не ја јадеме, ако таа не стане дел на нашето суштество. Така и Христос нема никаква вредност за нас ако не го запознаеме како личен Спасител. Теоретското знаење нема да ни биде од никаква полза. Мораме да се храниме со Него, мораме да го примиме во срцето така што Неговиот живот да стане наш. Ние мораме да ја впиваме Неговата љубов и Неговата милост. (Копнежот на вековите, стр. 389. оригинал)

Нека членовите на црквата имаат на ум дека нема да ги спаси тоа што нивните имиња се запишани во црковните книги. Тие мораат да докажат дека се избрани од Бога како работници кои немаат од што да се срамат. Од ден на ден, тие треба да го изградуваат својот карактер во согласност со Христовите упатства, пребивајќи постојано во Христа, и непоколебливо верувајќи во Него. Така ќе се развијат до потполна висина на луѓе и жени во Христа , во благотворни, срдечни и благодарни христијани кои Бог ги води во сè појасна и појасна светлина. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 47.48. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest