30 јуни – Единството на Христос и Неговата црква

„Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, зашто дојде Јагнетовата свадба и Неговата жена се приготви… И ми рече: ‘Напиши: Блажени се оние, кои се повикани на Јагнетовата свадба.’ Уште ми рече: ‘Овие се вистински Божји зборови!’.“ (Откровение 19,7.9)

И во Стариот и во Новиот завет брачната врска ја претставува онаа нежна и света заедница што постои меѓу Христа и Неговиот народ. (Копнежот на вековите, стр. 151. оригинал)

Еврејската свадба била впечатлив настан и нејзината радост не предизвикувала незадоволство кај Синот човечки… Христовото сфаќање за радоста на свадбените свечености укажува на радоста на оној ден кога Тој ќе ја доведе својата Невеста во домот на Отецот и кога откупените со Откупителот ќе седнат на вечерата на свадбата на Јагнето. Тој вели: „Како што ѝ се радува младоженецот на невестата, твојот Бог ќе ти се радува тебе“. „Нема веќе да те викаат оставена… туку ќе те викаат милина моја… зашто ќе му бидеш мил на Господа“. „Тој ќе се радува со тебе и ќе се весели, ќе ти ја обнови својата љубов, радосно ќе пее над тебе“ (Исаија 62,5.4; Софонија 3,17). Кога Јован примил видение за небесните настани, напишал: „При тоа чув како глас на силно мноштво, како бучава на силни води, како татнеж на силни громови, кој велеше: ‘Алелуја, зашто се зацари нашиот Господ Бог, Седржител. Да се радуваме, да се веселиме и да му оддадеме слава, зашто дојде свадбата на Јагнето и неговата невеста се подготви’“. „Блазе на оние кои се повикани на свадбата на Јагнето“ (Откровение 19,6.7.9). (Копнежот на вековите, стр. 151. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest