7 јули – Подготвени да потрошат и да бидат потрошени

„А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве љубам толку многу; ќе бидам ли јас помалку љубен?“ (2. Коринтјаните 12,15)

Независно од тежината на работата што ја извршуваат, вистинските Божји соработници својот труд за Господа не го сметаат за мачење. Тие се подготвени да се потрошат и да бидат потрошени; всушност, работата им создава радост, тие ја извршуваат со весело срце. Својата радост во Бога ја изразуваат преку Исуса Христа. Таа е исгата онаа радост која го исполнувала Него: „Да ја исполнам волјата на Оној кој ме прати и да го завршам неговото дело“ (Јован 4,34). Тие се свесни дека соработуваат со славниот Господ. Таа мисла им ги олеснува напорите, им ја засилува волјата, го приготвува нивниот дух за сѐ што може да им се случи. Работејќи со несебично срце, облагородени со учеството во Христовите маки, проникнати со неговите склоности и соработувајќи со Него во неговата работа, тие помагаат Неговата радост да прерасне во вистинска плима и му оддаваат чест и слава на Неговото возвишено име.

Со таков дух треба да биде проникната секоја вистинска служба на Бога… Колку и да е краткотрајна нашата служба, колку и да е скромна нашата работа, ако го следиме Хрисга со едноставна вера, наградата нема да нѐ разочара… Благословена ќе биде наградата на милоста за оние што работеле за Господа со едноставна вера и љубов. (Христови параболи, стр. 402-404. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest