15 јануари – Вистината

„Не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината.“ (1 Коринтјаните 13,6)

Љубовта „не се радува на неправда, туку се радува на вистина“. Оној, чиешто срце е проникнато со љубов, со болка гледа на маните и грешките на другите, но се радува кога победува вистината, кога исчезнува облакот кој го помрачувал светлиот глас на некој друг, кога луѓето ги признаваат своите гревови и ги искоренуваат своите мани. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 169. оригинал)

„Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце.“ (1. Петрово 1, 22)

Божјата реч – вистината – претставува канал со чија помош Господ го открива својот Дух и својата сила. Прифаќањето на Божјата реч донесува плод каков што е потребен – „нелицемерно братољубие“. Таа љубов има небесно потекло и кај нас предизвикува возвишени побуди и несебични постапки. (Делата на апостолите, стр. 520. оригинал)

„Љубовта никогаш не се радува кога другите грешат, љубовта ја радува добрината, секогаш е бавна да разоткрие, секогаш е желна да го верува најдоброто.“ (1. Коринтјаните 13,6.7; според преводот на Мофат)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest