12 aприл – Кога истрајуваме во молитва

„Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва!“ (Римјаните 12,12)

„Блажен е човекот кого Бог го опоменува. Затоа не отфрлај ги поуките на Седржителот, зашто Тој нанесува рани и Самиот ги преврзува; Тој поразува и со свои раце лекува. Од шест беди ќе те избави и во седмата зло нема да те стигне“ (Јов 5,17-19). Христос ѝ пристапува на секоја ранета душа за да ја исцели. Животот полн со болни загуби, жалости и страдања може да се разведри со драгоценото откривање на Неговата присутност.

Бог не сака да останеме притиснати со болката што нѐ тишти, со рането и скршено срце. Тој сака својот поглед да го подигнеме горе и да го гледаме Неговото мило лице полно со љубов. Драгиот Спасител стои крај мнозина чиишто очи се толку заматени со солзи што дури и не го забележуваат. Тој копнее да нѐ земе за рака, да нѐ поттикне да гледаме во Него со детска доверба и да му дозволиме да нѐ води. Неговото срце е секогаш отворено за нашите длабоки таги, за нашите жалости и неволји. Тој нѐ љуби со вечна љубов и нѐ опкружува со нежна добрина. Нашето срце секогаш може да се потпре на Него и непрекинато да размислува за Неговата нежна добрина и љубов. Тој ќе ја воздигне душата над секојдневните таги и неволји и ќе ѝ даде мир. Мислете на тоа, деца на страдањата и болката, и радувајте се во надежта. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 12. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest