27 ноември – Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок

„Книжниот свиток на Законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе, за да пазиш верно сè што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите.“ (Исус Навин 1,8)

Бог во својот закон јасно укажал на начелата кои се основа за секој вистински напредок, како за народот така и за поединците. (Пророци и цареви, стр. 500. оригинал)

Бог ја благословува работата на луѓето, за да можат да Му го вратат она што е Негово. Тој им дава Сонце и дожд; Тој прави билките да носат изобилен род; Тој му дава здравје на човекот и способност за да дојде до средства. Секој благослов доаѓа од Неговата дарежлива рака, и Тој сака луѓето да му искажат благодарност враќајќи Му го Неговиот дел во вид на десетоци и дарови – дарови на благодарност, доброволни прилози и приноси за престап. Тие треба да Му посветат дел од своите средства за Неговата служба, за да не остане Неговото лозје необработено. (Пророци и цареви, стр. 707.708. оригинал)

Преку познавање и покорување на божествениот закон, луѓето можат да станат Божји синови, додека со кршење на тој закон стануваат робови на сатаната. Тие можат да достигнат најголеми висини на морално совршенство, или пак да паднат до било која длабочина на беззаконието и деградацијата. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 95)

Бог ги испитува луѓето, некои на еден, други на друг начин. Некои ги испитува давајќи им богатство, а други скратувајќи им ја Својата благонаклоност. Тој ги испитува богатите за да види дали ќе го љубат Него, својот Дарител, и своите ближни како самите себеси. На Бога му е мило кога луѓето на правилен начин го искористуваат своето богатство и тогаш тој може да им довери поголеми одговорности. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 261. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest