10 септември – Песната е дел од богослужението

„Тогаш царот и кнезовите им заповедаа на левитите да Го фалат Господа со зборовите на Давида и на гледачот Асаф; тие почнаа да фалат со најголема веселба, паднувајќи ничкум, се поклонија.“ (2. Летописи 29,30)

Пеењето,како дел на богослужението, е исто толку важно колку и самата молитва. (Патријарси и пророци, стр. 594. оригинал)

Некоја месна црква може да биде најсиромашна на земјата. Може да биде непривлечна и без каква и да е видлива убавина; но, ако нејзините верници ги прифатиле начелата на Христовиот карактер, тие ќе имаат и радост во своите срца. Ангелите ќе доаѓаат да им се придружат на нивните богослуженија. Од нивните благодарни срца ќе се издигнува похвала и слава кон Бога како сладок мирис…

Додека поминувале низ пустината, синовите Израелови го славеле Бога со свети песни. Господовите заповеди и неговите ветувања се компонирани како песни што ги пееле патниците во текот на целото патување. И повторно подоцна при средбите во Ханан за време на своите свечени празници ги прераскажувале Божјите чудесни дела и во своите песни му упатувале благодарност на неговото име. Бог имал желба целиот живот на неговиот народ да биде живот полн со благодарност и прослава на Творецот. „За да го запознае целата земја твојот пат, сите народи твоето спасение“ (Псалм 67,2). (Христови параболи, стр. 298.299. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest