„Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.“ (Псалм 119,162)
Треба да ја сметаме Библијата за Божјо откровение за вечните работи – за она што е најважно да го знаеме. Светот ја отфрла настрана, како веќе да е завршено нејзиното проучување; но и илјада години истражување не би го исцрпиле скриеното богатство што таа го содржи. Само вечноста ќе ја открие мудроста на оваа книга, зашто таа е мудрост на бесконечниот Ум. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 443)
Малку полза може да се извлече од читањето на Писмото набрзина. Некој може да ја прочита целата Библија, а пак да пропушти да ја види нејзината убавина или да го сфати нејзиното длабоко и скриено значење… Некои делови на Писмото навистина се толку јасни, што никој не може погрешно да ги сфати, но има и такви чиешто значење не лежи на површина, не се гледа на прв поглед. Едно Писмо мора да се споредува со друго Писмо. Мора грижливо да се истражува со молитва и со размислување. И таквото проучување ќе биде богато наградено. Како рударот што ги открива жилите на драгоцениот метал скриен под земјината површина, така и оној што истрајно ја проучува Божјата реч, како да бара закопано благо, ќе пронајде вистини од најголема вредност што биле скриени од погледот на немарниот барач. (Патот кон Христа, стр. 90. оригинал)
Кoгa врeмeтo и нaпoритe пoтрoшeни вo рaзбирaњe нa свeтлитe мисли нa нeвeрницитe би билe пoсвeтeни зa прoучувaњe нa скaпoцeнитe нeштa oд Бoжjaтa Рeч, илjaдници штo сeгa сeдaт вo тeмнинa и вo сeнкaтa нa смрттa, би сe рaдувaлe вo слaвaтa нa Свeтлинaтa нa живoтoт. (Здравје и среќа, стр. 440. оригинал)
