5 септември – Со радосен глас

„Мојата душа ќе биде сита како од сало и масло, ќе Те фалам со радосни усни.“ (Псалм 63,5)

Оние кои пребиваат во Исуса Христа, се чувствуваат среќни, радосни и блажени во Бога. Духот на благородност кој ја ублажува природата се чувствува во нивниот глас, стравопочитување кон она што е духовно и неминливо се покажува во нивните постапки, а песни на радост и благодарност пријатно одѕвонуваат од нивните усни, бидејќи тоа доаѓа од Божјиот престол. Тоа е тајната на побожноста, која не е лесно да се објасни, но сепак во неа со задоволство може да се ужива. Непопустливо упорното и бунтовнички настроеното срце може само да ја затвори вратата за сите предности на благотворното влијание на Божјата благодат и за секоја радост во Светиот Дух; но патиштата на мудроста се патишта на задоволство и среќа и сите нејзини патеки водат во мир. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 626. оригинал)

Оние кои одат по патот на мудроста, имаат неизмерна радост дури и во неволји, бидејќи Оној кого нивната душа го љуби, иако невидлив, оди покрај нив. При секој чекор нагоре тие појасно го чувствуваат допирот на неговата рака, при секој чекор нивната патека ја осветлуваат сѐ поблескавите зраци на славата на Невидливиот и нивните песни на благодарност се слушаат сѐ погоре, придружувајќи ѝ се на песната на ангелите пред Божјиот престол. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 140. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest