16 јули – Со своите средства да бидеме на благослов на другите

„Се зарадував многу во Господа, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Вие и инаку се грижевте, но немавте прилика.“ (Филипјаните 4,10)

Божествената мудрост воспоставила законитост во планот на спасението: секоја преземена активност да има и повратно дејство, што го прави делото на добродетелство – во сите негови гранки – двоен благослов. Оној кој им дава на сиромашните претставува благослов за нив, но со тоа и тој самиот е уште повеќе благословен. Својата цел во спасување на грешникот Бог би можел да ја оствари и без помош на човекот, но Тој знае дека човекот не може да биде среќен ако не учествува во тоа големо дело кое постојано го потсетува на самооткажувањето и добродетелството. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 382. оригинал)

Бог јасно им наложува на Своите следбеници да бидат од корист на другите со своето влијание и средства, а од Него да бараат мудрост која ќе ги оспособи да направат сè што е во нивна моќ за да ги воздигнат мислите и чувствата на оние со кои доаѓаат во допир. Правејќи добро на другите, ќе почувствуваме длабоко внатрешно задоволство и спокојство што ќе ни биде доволна награда. Во тоа свое настојување да чиниме добро на другите, ќе најдеме вистинска среќа која извира од совесното исполнување на многубројните должности кои пред нас ги поставува животот. Ова ќе ни донесе и нешто повеќе од земска награда, бидејќи ангелите го бележат секое несебично исполнување на должноста кое свети во записот на нашиот живот. На небото никој нема да мисли на себе ниту да копнее по свое задоволство, туку во чиста вистинска љубов, ќе ја бара среќата на небесните битија што ќе нè опкружуваат. Ако сакаме да бидеме во друштво на небесните суштества на обновената земја, мораме уште овде да се управуваме според небесните начела. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 132.133. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest