21 август – Кога се прави беззаконие

„А за безумниот е радост да направи срамно дело, а за разумниот да биде мудар.“ (Пословици 10,23)

Во Стариот завет зборот „будала“ се употребувал за отпадник или за оној кој целосно му се предал на гревот. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 57. оригинал)

Во времето на Ное… имало многу џинови, луѓе со висок раст и сила, прочуени по својата мудрост, остроумни да пронајдат и да реализираат најразновидни и најчудесни изуми. Меѓутоа, и нивната вина што не го зауздувале ширењето на беззаконието била исто толку голема колку и нивниот талент и нивните умни способности.

На тие претпотопни луѓе Бог им дал многу и богати дарови, но тие ги искористиле за да се прослават себеси и истите ги претвориле во проклетство, обожавајќи ги даровите наместо Дародавецот. Златото, среброто, скапоценото камење и скапоценото дрво ги употребувале градејќи си од нив станови и се труделе да се надминат еден со друг во украсувањето на своите куќи со најскапоцени трудови и дела. Се стремеле само кон тоа да ги задоволат желбите на своето горделиво срце и тонеле во сцени на уживања и беззаконија.…

„И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време… А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда“ (Битие 6,5.11). Бог на човекот му дал заповеди да му служат како патоказ во животот, но Неговиот закон е погазен, а последица на тоа е појава на сите можни гревови. Расипаноста и беззаконието, на кои луѓето отворено им се предавале, надминале секоја мера; правдата е погазена и фрлена во прав, а до небото се издигнувало пекање на угнетените. (Патријарси и пророци, стр. 90.91. оригинал)

Гревовите поради кои Бог го казнил претпотопниот свет и денеска постојат. Стравопочитта кон Бога исчезнала од срцата на луѓето, а Неговиот закон го гледаат рамнодушно и со презир. Видливата и незауздана склоност кон земните уживања, толку карактеристична за претпотопниот свет, во иста мера ја покажува и денешната генерација. (Патријарси и пророци, стр. 101. оригинал)

23 август - Подбивен смев и несоодветни шеги
22 август - Безумие, неразумност и бесмислица
21 август - Кога се прави беззаконие
20 август - Горчина
19 август - Грешните желби одвлекуваат од правиот пат
18 август - Лажна наука
17 август - Лажни задоволства - познавање на злото
16 август - Треба да се оддалечиме од нив
15 август - Грешните задоволства ја уништуваат врската со Бога
14 август - Грешните задоволства го попречуваат плодоносниот живот

Pin It on Pinterest