27 aприл – Наградата за страдањето е праведност

„Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.“ (Евреите 12,11)

Неволјите на кои се изложени христијаните.- тагата, немаштијата и срамот – претставуваат од Бога одредени средства со кои Тој го одвојува плевелот од пченицата. Својата горделивост, себичност, зли страсти и љубовта кон задоволствата на овој свет сите мораме да ги победиме; токму со таа цел Бог дозволува да се проверуваме и испитуваме преку неволјите, а и за да ни покаже дека тие зла сè уште се наоѓаат во нашиот карактер. За да станеме учесници во божествената природа со избегнување на изопаченоста на овој свет и телесните желби, мораме да извојуваме победа со Божја сила и со Неговата благодат.

„Зашто нашите сегашни лесни неволји,“ вели апостолот, „ни донесуваат вечна и од сè попретежна слава, нам кои не гледаме на она што се гледа, туку на она што не се гледа; зашто она што се гледа е привремено, а она што не се гледа е вечно.“ Неволјите, страдањата, искушенијата, несреќите и другите наши проби – претставуваат орудија со кои Бог нè чисти, посветува и подготвува за небесниот амбар. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 115. оригинал)

Спасителот ќе ни прати помош токму тогаш кога таа ќе ни биде потребна. Патот кон небото е посветен со Неговите стапки. Секој трн што ја ранува нашата нога, ја ранил Неговата. Секој крст што сме повикани да го носиме ние, го носел Тој пред нас. Господ дозволува борби за да ја приготви душата за мир. (Големата борба, стр. 633. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest