10 август – Мојсеј ги отфрлил грешните задоволства

„Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка, и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот.“ (Евреите 11,24.25)

На Мојсеј му биле понудени палатата на фараонот и царскиот престол; но во тие господски дворови имало грешни задоволства кои ги наведувале луѓето да заборават на Бога и тој наместо нив ги одбрал „постојаното добро и справедливоста“ (Изреки 8,18). Наместо да се поврзе со големината на Египет, тој избрал да го поврзе својот живот со Божјата намера. Наместо да му дава закони на Египет тој, по божествено упатство, му пропишал закони на светот. Станал орудие преку кое Бог на луѓето им дал принципи кои се заштита на домот и општеството, кои се аголен камен на напредокот на народите – принципи кои денес најголемите луѓе на светот ги признаваат како темел на сѐ што е најдобро во владите кои ги поставуваат луѓето.

Големината на Египет лежи во прав. Неговата моќ и цивилизација поминале. Но делото на Мојсеј никогаш не може да пропадне. Големите принципи на праведноста, на чии воспоставувања тој им го посветил животот, се вечни. (Воспитување, стр. 68.69. оригинал)

Сите оние кои ќе се откажат од задоволството на овој свет и кои како Мојсеј ќе се одлучат да ја делат судбината на Божјиот народ, сметајќи дека Христова реч е поголемо богатство од сето земско богатство, заедно со Мојсеј ќе добијат неминлива круна на бесмртност и вечна од сè поважна слава. (Сведоштва за црквата, вол. 2. стр. 101. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest