„Кој од вас, ако има сто овци, и загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе отиде по загубената, додека не ја најде. А кога ќе ја најде, ќе ја крене, радувајќи се, на своите рамена.“ (Лука 15,4.5)
Параболата за изгубената овца треба да се негува како мото во секое семејство. Божествениот Пастир ги остава деведесет и деветте овци и заминува во пустината да ја бара едната што се изгубила. Тука има грмушки, мочуришта и опасни пукнатини во карпите и Пастирот знае дека една пријателска рака мора да ја спаси овцата ако се најде на некои од тие места. Кога од далечина ќе го слушне нејзиното блеење, Тој не се плаши од никаква тешкотија само за да ја спаси Својата овца која се изгубила. Кога ја нашол изгубената овца, Тој не ја дочекува со прекори, туку е радосен што ја нашол жива. Со цврста, но нежна рака, Тој го отстранува трњето или ја вади од калта, нежно ја подига на Своите рамена и ја носи назад во стадото. Чистиот безгрешен Откупител ја носи грешната и нечиста овца.
Оној кој на Себе ги зема гревовите на светот, ја носи валканата овца, но Неговиот товар е толку драгоцен, така што Тој се радува зборувајќи: „Ја најдов Својата изгубена овца“ (Лука 15,6)… Мораме да ја имаме на ум големата радост што ја покажал Пастирот кога ја повратил изгубената овца. Тој ги повикува Своите соседи: „Радувајте се со Мене: ја најдов Својата изгубена овца.“ Цело небо одекнува од радосен восклик; и самиот Татко со песна се радува на изгубената овца. Каков свет восхит на радост е опишан во таа парабола!
Нам ни се пружа предност да учествуваме во таа радост. Дали вие, кои го имате пред очите тој пример, соработувате со Оној кој се труди да ги спаси изгубените? Дали сте Христови соработници? (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 124.125. оригинал)
