16 мај – Себичноста раѓа незадоволство

„Зашто бесна е љубоморноста во мажот: тој не знае за милост во одмаздничкиот ден; не се согласува на никаков откуп, и не прима дарови, колку и да му дадеш.“ (Пословици 6,34.35)

Срцето кое е во хармонија со Бога е издигнато над незгодите и искушенијата во овој живот. Но срцето во кое нема Христов мир, е несреќно и исполнето со незадоволство… Животот на себичност е живот на зло… Страстите, запалени и поттикнати од сатаната, се горчливи извори од кои извира горчина која го труе животот на другите. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 488. оригинал)

Оние кои ѝ се покоруваат на сатанската моќ, со тоа не добиваат никаква среќа. Тие никогаш не се задоволни ниту спокојни. Тие се незадоволни, полни со поплаки и раздразливи, неблагодарни и бунтовни. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 207. оригинал)

Принципот на оние кои живеат за овој свет е сосем спротивен на ова: не само да даваат туку да земаат сè што може од пропадливите работи на овој живот. Себичната љубов кон добивката е раководечко начело на нивниот живот. Меѓутоа, најчистата радост не се наоѓа во богатството и незаситното лакомство, туку таму каде што е задоволството и каде што љубовта е основно начело. Илјадници од нив го минуваат животот во потчинување на своите желби, но срцата им се полни со незадоволство. Тоа се жртви на себичност и незадоволство со залудни обиди да најдат задоволување во попуштање на телесните желби. На лицето им се гледа дека се несреќни, а зад нив останува само пустош, бидејќи не се плодни во добрите дела. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 382. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest